ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески” – Прилеп ги известува заинтересираните правни и физички лица, дека ја изнајмува големата читална на Библиотеката, со капацитет од 100 седишта, за одржување на разни собири, предавања, трибини, манифестации, презентации, концерти, промоции и слични настани. Цената на едно изнајмување на Читалната изнесува 1.000,00 денари, а доколку се користи и техниката од Библиотеката, цената изнесува 1.500.00 денари. Заинтересираните лица да се јавуваат на следните телефони: 048 424 344 и 075 253 577.