Со изложба на 20 графики на тема “Збир на ликовни значења” во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” од вечерва се претставува графичарот Жарко Стевковски од Скопје. Ја истражувам и ја осознам методата на уметноста и што таа значи. Сликите се создавани од 2009 до 2011 година и се со автентичен ликовен ракопис. Основните алатки за примена во делата се од длабоко печат, молив, пастел, јаглен, сува игла, бакропис, акватинта, мецотинта… – вели авторот. Стевковские магистер за графички техники. Имал самостојни изложби во Скопје и во Куманово.
Портрети на Конеска
Уметницата Марина Конеска од синоќа во клубот Мираж се претставува 30 портрети и апстракции за 8 Март