“Млад без англиски јазик е рамно на слеп на едно око”. Тоа е неофицијалната поговорка, оти младите добро го владеат глобалниот јазик. Вештина е да се знаат “до влакно” неправилните глаголи, времињата, акцентот и вокабуларот. Да има повеќе “експерти” по англиски во ОУ “Климент Охридски”, наставникот Дарко Јовески зел под закрила две ученички кои низ тестовите бил најдобри и заминале на натпреварот во Скопје, организиаран од Британскиот совет. Лиле Димоска ја освоила втората награда во жесток “меч” со 260 учесници. Не ја добила “бронзата” за неколку поени соученичката Кристијана Георѓиоска. Двете учат и француски, ама англискиот им е “на срце”. Учествувале на повеќе регионални и општински натпревари, ама најзадоволни се од последниот, оти да се чувствуваат како Англичанки недостасувал само чај и колачиња. “Тренирале” повеќе денови. Малку ги збуниле со прашањата за познавање на Велика Британија, ама за општа култура биле махери. Лиле очекува награда, оти не е за потценување. Може да добие мини лаптот, олеснета апликација за Петта приватна гимназија, делумна стипендија за средношколци, дигитална камера…