Џентлмени од ОУ “Добре Јованоски”

Во очи на празникот на жената, 8-ми Март, досетливите ученици со наставничката по ликовно Маја Најдоска од ОУ “Добре Јованоски” делеа цвеќиња на плоштад да покажат дека мислат на сите жени, а не само на нивните мајки и баби. Ги искористија костумите од Прочка и како грофови, широкоградо клекнуваа на колена додека ги делеа розите. За празникот во ОУ “Добре Јованоски” учениците, со имагинација и интернетот, создале и продавале рачно изработени честитки. Средствата ќе ги користат за подобрување на амбиентот на училниците со пердиња и слики.

Loading