За подобар свет – еко пакет

ОУ “Рампо Лефката”, за да покаже колку сериозно ја сфаќа улогата на екологијата е првото училиште кое изведе приредба со ученици и наставници за “Зелениот ден”. “Зелените денови” продолжуваат, оти создаваат еко-свести се праќа пораката за чиста животна средина. Бидејќи проектот е обемен, планирано е до мај да се опфатат сите еколошки теми. За февруарските теми, за воздух и промоција на здравиот начин на живеење, учениците следеле презентација за важноста на овај гас, без кој нема живот. Со наставниците и стручната служба, децата создале лични творби, рецитирале стихотворби и цртале слики. За “здравиот начин на живеење” се запознале со факторите кои го прават животот здрав и балансиран. Научиле за предностите на здравата храна, спортувањето, потребата за здрав сон и развивање на позитивни мисли. Товарот паднал на членовите на “зелениот тим” со наставници и стручната служба и координатор Весна Трајкоска. Не мал продонес имале и наставничките Елеонора Гешоска и Билјана Илиеска. Ова е веќе втор под-проект, апрвин изработувале еко честитки за Новата година.

Loading