Сурати под Маркукуле

,,Cirkus,, na ulica sozdadoa tinejdzerite od Gimnazijata

Карневалска магија со дожд го плискаше Прилеп на булеварот за традиционалниот карневал “Прочка” за Поклади и годинава. Мноштвото бои, фигури, форми не успеа да ги уништи студено и дождливо време. Парадата на маски ја збогатија со маскари од земјата и странство, а бројни беа и посетителите кои уживаа во карневалската фешта. Имаше маски од Бугарија, Србија, Албанија. “Волт дизни парти”, “Крале Марко и Црна Арапина”, “Весели снешковци”, “Боите на Македонија”, “Триумфална порта”, “Ангели и Демони”, “Планената земја да се сочува” беа дел од 150 маски со над две илјади учесници на 12 – меѓународната манифестација за одржување на традицијата. Доминираа групните маски од градинките основните училишта и среднистите, кои со креативни решенија на наставниците и анимација на учесниците му дадоа посебен шарм и раскош на годинешното издание на “Прочка. Познатите “мечкари” имаа парада, заедно со маските на покојниот прочкар Бранко Најдоски. Дождот не нé поколеба да покажеме што знаеме и умееме. Карневалот е предвесник на светската конференција на карневалската асоцијација во мај кога Прилеп ќе биде домаќин – изјави Ристески. Претседателот на светската карневалска асоцијација Хенри Ван Дер Крон, кој беше дојден во Прилеп заедно со сите негови заменици изјави дека бил многу возбуден. Ја видоме душата на прилечани. Карневалот е оригинален. Бев импресиониран од целата атмосфера. Да се подготват маските треба трпение и труд – рече Хенри Ван Дер Крон, од светската карневалска асоцијација. Прилеп од 26 мај до 3 јуни ќе биде домаќин и на 32 Конвенција на карневалски градови.

Најмаската е “Демони”

 

Групната маска “Демони” е најдобра маска карневалот “Прочка”. Најоригинална беше маската крстена “Демони”, претставена од 15 девојчиња, вели етнологот Ели Милошеска, претседател на жирито. Најдобра поединечна маска беше “Прилепски пампури”, претставена од три девојки, најдобрата традиционална групна е “Ангели и демони” од учениците од ОУ “Добре Јованоски”, а наградата за најдобра современа групна маска отиде кај “Жителите на Хаваите” од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Награда освои и маската “Крали Марко, Црна Арапина и синџири робје”. Најдобра меѓу детските маски беше “Дизни парти” од ОУ “Климент Охридски” од селото Мажучиште.

Loading