Виолинистката Софија Никоска стана стипендист на шпанската школа “Escuela Superior de Musica Reina Sofia”, во класата на професорот Захар Брон. Вели дека и е чест и гордост како единствена Македонка да биде дел од школата која пред 20 години била формирана од Софија, кралицата на Шпанија. Школата има високо реноме. Предаваат најдобрите професори. Среќна сум што влегов по пат на аудиција, оти има мал број студенти, но буквално од целиот свет. Прва Македонка сум и во класата на професорот Брон. Презадоволна сум од квалитетот што се нуди. Професорот, кој е светски признат педагог, предава на универзитетите во Келн, Цирих и Мадрид, а неговите студенти се редовни победници на интернационалните виолински натпревари. Студирањето кај Брон и влегувањето во оваа престижна музичка школа е остварување на мојот животен сон. Искуството што го стекнувам е од непроценлива уметничко-едукативна важност, оти школата има многу богата годишна програма. Се организираат над 200 концерти низ Шпанија. Имам можност да настапувам како соло, така и во симфониски и камерен оркестар под палките на многу диригенти со репутација. Веќе сум дел од квинтет, со имавме концерти – раскажува Софија. Никоска свири од шест години. Музиката и виолината í се живот. Зажубена е во инструментот, за кој вели дека најтежок за свирење. Кралица е на инструментите. Небаре лета, кога сум со виолината в раце – додава виолинистката, која сака да го свири Бах, Брамс. Никоска беше на едукации на Московскиот конзерваториум, а сон и е да свири во Карнеги хол.