Шпански визи во Брвеница

Карате

В недела во Брвеница, Тетовско, е плејоф натпреварот за сениори, по четворица најдобри од категорија, според пласманот од Државното пред седум дена. Борбите се по Бергер систем, секој со секого, до крај. Победниците земаат “виза” за Европското првенство во Тенерифе, Шпанија, предвидено за мај. По тројца најуспешни заминуваат на Балканско, од 16 до 18 март во Херцег Нови во Црна Гора. На потег се прилепските каратисти. Адути на Ронин се “златните” од Државното, Спиркоска и ката тимот со втората  Јованоска и четвртата Трајкоска. Останати учеснички од клубот се:  Матракоска, Андреска, Митреска и Петкоски. Бонсаи ги има ката шампионскиот тим со Петрески, Ристески и Димески, а Спорт 94 настапува со вицепрваците Мирчески и Ристески. Во сениорска конкуренција партиципираат 27 клуба со 90 натпреварувачи од цела Македонија. Најдобри се скопските Макпетрол со пет и Металург со четворица победници.

Loading