Сефте со прва награда за Јагуриноски

Михаил Јагуриноски, од второ одделение од музичкото училиште на деби меѓународниот натпреварувачки настап во Белград на пијано успеа да биде најдобар во силна конкуренција на надежни пијанисти. Се закити со првата награда свирејќи дела од Бетовен, Бах, Кабалевски. Професорот Игор Николоски вели дека седумгодишниот Михаил е талент, кој многу ветува, иако свири само четири месеци. Конкуренти на Михаил му беа една година постари ученици. На првиот настапа се закити со прво место што предивикува задоволство о гордост – вели професорот Николоски. Дека музиката му лежи сведочи податокот дека, покрај пијаното свири и на гитара. Директорот на музичкото училиште Кире Гаралески, вели дека значајната награда е потврда за квалитетот на музичкото образование.

Loading