ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ БИЗНИСМЕНИ НА ГАЛА ВЕЧЕР

Наскоро избор на бизнис на годината за 2011

Се токми изборот на бизнис на годината. Манифестацијата ќе се одржи наскоро. Редакцијата на Зенит е во подготвка. Додека фирмите забрзано ја окончуваат постапката за поднесување на завршните годишни даночни сметки, се прават техничките подготовки за прогласување на најуспешните во трите категории: големи, средни и мали претпријатија. По сумирањето на податоците и сознанијата добиени од Управата за јавни приходи, како и со рејтингот и вреднувањето на комисијата составена од претствници на регионалната бизнис комора, со која неделникот Зенит е партнер во организирањето на манифестацијата, ќе се прогласат не само на фирмите кои успешно и позитивно ја заокружиле мината година, туку и кои покажале инвестиции или се издводиле по специфичноста на работењето. Во рамките на рубриката Бизнис, во минатиот едногодишен период, Зенит претстави над 50 фирми. Бесплатно, секоја недела, на по една компанија í се отстапуваше простор да ја претстави својата дејност, со цел да биде поблиска не само до деловните партнери, туку, првенствено, до потрошувачите и консументите на услугите. Изборот секогаш не се прави само од претставените компании. Во трката за награди влегуваат и фирми кои се истакнале во ланското делување. Во 2011 година бесплатно презентиравме компании од речиси сите области. Ги претставивме експозитурата на Стопанска банка АД – Скопје; фирмата Графика Дизајн; конфекцијата Комфи Ангел; Гонзалес; Дијагностичкиот центар Мед-интерна, Ветеринарната ординација Конифелис; столаријата Бал-Сан; погребното претпријатие Мирен сон; Стакло Милчин; Климамонт; ресторанот Кај Балче; Славија Трејд; Бимфуд; Т.А. Лион Олимпик; Викели; Капитал 2006; Франц Солар; Канонада, Супер Сумес; оптика Оптил; теретаната Енерџи; автошколата Безбедност; Дени мебел; Крип трејд; салон Студио Б; Цитадела; Хармонија трејд; Чавле Ела Трејд; Фото Студио Лозиго; Месарницата Боеми; Слаткарница Дизниленд; фирмата И. Ј. Јонза; Таникс; Солена соба; Ивеко Дизајн; пекарата Полана; Ана Марија Фуд; Рума Ком; Пантуш; бутик Најефтинија; Твист; Хримакс; бурекџилницата Џулијано промет; Кутер; Зоки 2006; Владо компани и Т.А. Инфотурс. Работењето на фирмите ја отслика и климата во држвава и влијанието на светските економски текови. Доделувањето на наградите и прогласувањето на најуспешните, редакцијата на Зенит планира да ја направи на гала вечера или евен партѕ во некој од прилепските ресторани каде свечениот чин би се збогатил со дружење и забава, со музички ѕвезди со цел да со воспостават поблиски контакти и да се зближи повеќе бизнис фелата. За најуспешните, Зенит во соработка со Регионалната стопанска комора ќе обезбеди вредни признанија.

Loading