Во Библиотеката
Со поетско музичко пладне, Библиотеката го одбележа патрониот празник и 70 години од убиството на Борка Талески и Лазо Филипоски Лавски. Во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, пратеникот Ане Лашкоска, член на собраниската комисија за култура, директорот Петар Петрески потсети на творечкиот и животен пат на револуционерите, а ученици од гимназијата ,,Мирче Ацев,, и СУ,, Горче Петров,, рецитираа револуционерна поезија, додека групата ,,Чардак,, испеа револуционерни песни. Во чест на патронот Библиотеката до идната недела има попуст за упис. Библиотеката планира да организира симпозиум за револуционерите и да објави и зборник со поддршка на Министерството за култура.