Кошарка
Ултимејт баскет има ново име – Кралеви. Од каде идејата од клубот нема толкување, но и не е толку важно. Битно дека се однесуваа “кралски”, над домаќинот Тетекс минатото коло, кого на гости го совладаа со 80-87. Тоа е петта победа, покрај петте порази за шесто место на табелата со 15 бода. В сабота (19 ч.) во арената “Сонце” шанса за нови бодови против скопски Ангели, тим со бод повеќе. Противникот се извлече есеноска на продолжение. По квалитет екипите се изедначени, но може да пресуди домашниот терен за играчите на тренерскиот тандем Влатко Атанасоски – Сашо Костоски. Со успех се отвора патот до второто место кое води кон Првата лига. На табелата прв и натаму струмички Милениум со осум победи и 18 бода.