Корејска награда за Крстески

Карикатуристот Златко Крстески доби награда за карикатура на 20 меѓународен фестивал за цртан филм во Сеул Кореја. Признанието го добил во конкуренција на 1470 уметници од 59 земји. Корејскиот фестивал е реномиран за карикатура, бидејќи како еден од најконкурентните привлекува големо внимание и најдобрите дела ги откупуваат светските весници. Крстески се занимава со стрип и го презентира творештвото надвор од границите на Македонија.

Loading