Ретките графички икони од Заводот и Музеј во мај ќе ги види новосадската публика. Во тек се подготовките за изложбата во Србија. По Њујорк, Ријека и Лудбрег, книжните икони, со финансиска поддршка ќе ги претставиме во Нови Сад. Со иконите го претставуваме градот и културното наследство – вели Гордана Данилоска – Спироска, директор на Завод и Музеј. Раритетните графички листови потекнуваат од 18 и 19 век, и се единствени од ваков вид на Балканот. Биле изработени во манастирите Хиландер, Иврион, Зограф, од Света Гора. Автори се Џулијано Зулијани, Захариј Орфелин, Партениј Закинтос, Тома Сидер Пенто, Антим и други. Биле печатени во Виена, Венеција и на Света Гора. На нив се претставени чудотворни ликови на светители, религиозни композиции и композиции на манастири. 200 -те книжни икони случајно беа пронајдени при реконструкцијата на покривите на црквите “Свети Димитрија” и “Свети Благовештение”. Околу 30-тина се реставрирани и се изложуваат на изложби. Музејот планира иконите да ги претстави и во Русија, за што веќе се преговара со одредени институции.