КАПЕТАН КУК, ШЕИЦИ, ВАН ДЕР КРОН НА ОРО

На карневалската еуфорија, на традицијата да се биде под маска, не успеа да оддолее ниту градоначалникот Марјан Ристески. Ланскиот костим на Робин Худ, годинава заедно со најблиските го земенија со облеката на Капетан Кук. Во тој дух беше и сопругата Фанче и ќерката Михаела. Семејството Ристески покажа дека ја негува прочкарската традиција. На фештата во хотелот Липа, сурати ставија и директори на јавни фирми, установи, институции. За миг станаа ликови од фантазијата, како на пример да се биде Шеикот од болницата со извор на нафта. Уживаа сите во карневалско зовривање. Прочарски клокот ги зафати сите. За тоа сведочи и фотографијава, на која  претседателот на Асоцијадијата на европски карневалски градови, Хенри Ван Дер Крон се фати на оро на” Македонско девојче” на заедничкиот ручек кој на чист понеделник го направија касапите. Белото гравче небаре, пире, или каша го натера Ван дер Корн да ги излиже прстите и од оро да не се пушти затоа што знае дека во Прилеп мајмун не играл. Прочка би и помина, шарено весело и разнобојно, најавувајќи го будењето на природата и доаѓањето на пролетта.

Loading