Идеја за градски турнир

Победа јуниор

Пропадна планот за меч во мал фудбал помеѓу 11 Октомври и Победа јуниор, поради објективни причини екипите не беа во можност да се сретнат, а идејата иницира размислувања за слични предлози во блиска иднина. Се слуша дека полза за “будење” на фудбалот е да се организира традиционален турнир на најдобрите во трите лиги, прволигашот 11 Октомври, второлигашот Победа јуниор и третолигашот Корзо. Турнирот може да се игра по италијански систем и да биде хуманитарен. Идејата е добра за проверка на можностите, публиката да ги види новите во сите екипи – велат во Победа јуниор. Победа јуниор досега не одигра ниту еден пријателски меч. Вчера беше обидот за гостување на третолигашот Вардар во Неготино, а в сабота и в недела е турнирот во Кавадарци, каде прв противник е прволигашот Силекс.

Loading