И Полјаци ќе шијат во Прилеп

Претставници на фирмата Фалкон од полскит град Шчечин, по препорака на Агенцијата за странски инвестиции на Македонија, во регионалната стопанска комора се интересирале за отварање на фирма за производство на конфекциски производи во Прилеп. Извршниот директор на Комората, Ристо Најдоски, им предложил неколку слободни деловни простори од по околу илјада метри квадратни за договор со сопствениците. Полјаците изразиле готовност да станат дел од еснафот на конфекционерите во Прилеп. Идната недела тие ќе регистрирале фирма и наскоро ќе стартувале со производство и ангажман на почетокот од 60-70 работнички.

Loading