Богатство идеи за денот на идеи

“Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп” организира вторпат денеска локалната самоуправа. Граѓаните ќе дадат идеи, кои ќе се реализираат, ако се интересни. На првата средба за идеи со граѓаните на локалните власти биле презентирани 25 доставени идеи, од вкупно 50 пријавени. Интерес покажаа и невладините организации, малите, средни и големи претпријатија, приватниот сектор, урбаните и месни заедници, училиштата, факултетот… Од општината велат дека секојдневно пристигнуваат апликации со различни идеи. Се бара асфалтирање на улици, решавање паркинг проблеми, партерно уредување на Тополчани… Најсилен впечаток оставија идеите на спортскиот – клуб Прилеп за реафирмирање на спортските клубови, нивна поддршка и активно мотивирање за развитокот на спортот и идејата “семејството и училиштето заедно за доброто на децата”, чиј носител е дипломираниот социолог Гордана Стоименова. Целта на оваа идеја е да се зацврсти комуникацијата меѓу родителите, децата и наставниците – објаснува градоначалникот Марјан Ристески.

Loading