Автентични ученички креации

Среднистите и основците покажаа уметничка дарба, креирајќи автентични – традиционални и современи маски од природни материјали. Изложија стотина маски на традиционалната изложба за Прочка. Најдобрите беа наградени парично и со диплома. Првонаградени беа ОУ “Рампо Левката “ – од селото Селце за маската “Селечки свадбари”, потоа Доан Сулејманоски од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, Антонио Цветаноски од ОУ “Пере Тошев” од селото Дупјачани, Наталија Стојаноска од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци, Теодора Петкоска од Гимназијата, Ивана Тинтоска, истот така од Гимназијата и Јасмина Конеска и Андријана Димовска од СОУ “Ѓорче Петров”. Второнаградени се Ѓорги Десподов од Гимназијата, Марија Вељаноска од ОУ “Рампо Левката” Дајана Игеска од ОУ “Кире Гаврилоски”, Сара Долеска, ОУ “Кире Гаврилоски”, Кире Лучески и Стефан Пепељугоски од ОУ “Блаже Конески”, Благоја Овезоски од ОУ “Гоце Делчев” и Андријана Димовска од СОУ “Ѓорче Петров”. Третонаградени беа Михаела Костоска од ОУ “Круме Волнароски: од селото Тополчани, Кристијан Спиркоски, од ОУ “Климент Охридски”, Озген Сулејманоски од ОУ “Добре Јованоски”, Исидора Овезоска од ОУ “Гоце Делчев”, Мартина Богатиноска од ОУ “Круме Волнароски”, Онур Текешаноски од ОУ “Кирил и Методиј” селото Канатларци, Џем Усеиносни од ОУ “Кирил и Методиј” од Канатларци.

Loading