Вишокот во црквата Света Петка

Советниците се откажаа од зголемувањето на паушалот за еден месец

Советниците се откажаа од зголемувањето од неколку проценти на советничкиот паушал за еден месец и го насочија во доизградбата на црквата Света Петка во Точила. Со тоа уште еднаш се придружија на граѓаните кои донираа пари за божјиот храм. Со растот на температурите, градежниците веднаш ги зедоа алатите в раце и продолжија во обликувањето на физиономијата на црквата. Според Бранко Нешкоски, парите собрани од трите донаторски конференции ќе се коритат за бетонирање на првата и втората купола и за  ѕидање. За градба ќе се користи камен од прилепското поднебје. Во следната фаза ќе се гради камбанаријата и ќе се уредува просторот, а во третата, ќе се гради трпезарија.

Loading