Наставничката Наташа Блашкоска од ОУ “рампо Лефката” доби признание за успешна фотографија од УСАИД Македонија и амбасадата на САД. Учествувајќи на фото натпреварот на УСАИД – Changing Lives, Блашкоска изработила фотографија насловена “Природа и стадо овци” на која се пренесени новите методи и форми за настава во основното образование. Нејзината фотографија била меѓу 18 најдобри во конкуренција од 100. Доби сертификат и можност делото да учествува на патувачката изложба низ Македонија.