Ретка фотографија од центарот на дамнешен Прилеп. Можеби не е толку стара. Датира од пред околу 50 години. Станува збор за просторот зад споменикот на Кузман Јосифоски – Питу. Не се гледа Музејот 11 Октомври, Участакот, се наѕира мостот на Дабничка Река. Се препознаваат буквите на рекламата на дуќанот на некогаш наделеку познатиот производител на чевли, Борово. Малку потаму е и хотелот Југославија, сегашниот дел на Мобимак и другите дуќани. Момент е и за потсетување на стариот хотел на Чесновци, Јадран, со прекрасна архитектура. За жал, објектот замина во неврат под ударот на современието и подготовката на плоштадот Ченто. Сепак, ова парче историја буди пријатни спомени на младоста, на детството, на едно време, кое минало и донело други ветришта, сонови и силни генерации.