Поетско пладне в библиотека

Поетско пладне ќе има в четврток во библиотеката за патрониот празник, со кое ќе се одбележат 70 години од убиството на Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски. Ученици од гимназијата и од СОУ “Ѓорче Петров” ќе рецитираат  песни, посветени на револуционерите, а ќе се одржи пригодна културна – уметничка програма. Библиотеката годинава ќе одржи симпозиум за револуционерите, а со поддршка на Министерството за култура ќе објави зборник. Библиотеката за патрониот празник една недела ќе има попуст за упис на нови членови.

Loading