Отчет на Американците

ОУ “Блаже Конески”

Успешно се оконча една етапа од убавата приказна за соработката меѓу ОУ “Блаже Конески” и УСАИД  воспоставена од 2006 година. УСАИД е организација на американскиот народ, кој има тенденција да ги пренесе кај нас вредностите на демократијата. ОУ “Блаже Конески” негуваше добри односи со оваа организација и виде најмногу фајде меѓу основните училишта во земјава. Какоа еден од корисниците на средствата на УСАИД, директорката Марија Дулевска учестувувала на тркалезната маса во Скопје на која се дискутирало за придобивките од петгодишниот потфат. Да се знае каде се трошат парите од американските даночни обврзници, Дулеска дала отчет “до точка” за наменски потрошените средства. Се пофалила со петте капитални проекти завршени со помош на УСАИД, Министерството за образование и локалната самоуправа., почнувајќи од целосното реновирање на подовите, преку проектите за еко-училишта за намалување на потрошувачката на вода, зајакнувањето на влијанието и капацитетите на училишните одбори, воведувањето на ИКТ и роботика во образовниот процес, па до се до “дијамантот” – проектот за реновирање на котлите за греење. Дулевска го пофалила еднаквото давање на можности. Го истакнала недискриминацискиот, партнерскиот однос од УСАИД, кој ќе го паметат со реализираните проекти не само сегашните, туку и идните генерации. Американците се увериле дека парите го нашле вистинското место и грандиозно го завршиле проектот. УСАИД подготвува проект за инсталација на безжичен интернет за сите училишта.

Loading