Навики за неплаќање

Последици од минатото

Салите, малите и поголемите, работат со полн капацитет, барем ако се земе за репер побарувачката на термини. Се интересиравме како функционираат, дали плаќаат корисниците. Добивме различни одговори. Некои плаќаат, некои не. Навикнати се без пари и тешко се менуваат – велат соговорниците од салите. Порано било без пари. Плаќал на пример Комбинатот или не е битно која фирма или институција. Влегувале, тренирале без проблем рекреативци и клубови. Општественото беше заедничко, а сега некој како да не сака да погледне дека објектот е со нов стопан, приватник. Зарем не е чесно да се плати, оти има трошоци за струја, сметки, чистење и слично. Има надмудрувања. Велат договорено е од високи фактори. Им одговараме дека нема со кого, туку договорот е пара на рака, Мара за рака. Оди бавно и тешко, но секој ќе сфати дека бесплатно нема веќе – истакнуваат од салите. Позитивен пример се рекреативците. По секој термин во бизнис лигата собираат пари од џеб и веднаш плаќаат за користење на салата.

Loading