Под мотото ,,Едно здравје – една планета – една иднина, ризици и можности,, во Давос, Швајцарија од 19 до 22-ри февруари се одржа самит поддржан од ,,Форумот за глобален ризик,, на кој учествуваше и д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп. Целта на самитот била запознавање со перспективите на интегративниот менаџмент со ризици, со акцент на подобрувањето на здравата храна и корпоративната одговорност во ерата на климатски промени, глобалното здравје. Се дискутирало за исчезнувањето на необновливите извори на енергија, појавата на птичји и свински грип и за зачувувањето на еко системот од аспект на заедничката борба за сигурна храна, произведена од фармерите со помош на ветеринари за бенефит на крајниот корисник – човекот и неговото здравје. Ингилизов учествувал на осумте пленарни сесии и работилници на кои била истакната симбиозата помеѓу здравјето на животните и здравјето на луѓето, а изработиле и акциони планови.