
Спектакуларна веселба ќе има за празникот Прочка кај учениците од ОУ “Добре Јованоски”. Два рала групни маските се
“скроени”, од идеја до реализација од 70 деца со наставничките Маја Најдоска, Светлана Петкоска и Ленче Дамјаноска. Наставничките задолжени за групната маска, вклучиле 70 ученици од шесто до осмо одделение. Ќе се потрудат да го повторат ланскиот успех, кога добиле прва награда од жирито. Од одделенската настава, маската е насловена “Децата – украс на Светот” и учениците ќе бидат преправени во индијанци, црнци, ескими, каубојци, кинези, со цел да ја покажат еднаквоста и да пратат порака за соживот. Кореографијата ќе биде со песната од Тоше “За сите деца”. Повозрасните ќе бидат поделени во “ангели и ѓаволи”, кои со кратка кореографија ќе го покажат триумфот на доброто над злото во конечен Армагедон. Под “полна пареа”, ја тераат програмата “Здрава храна за детство без маана”. Децата го украсиле училиштето со слики од здрава храна и познатата “пирамида на исхраната”. Со наставничката по биологија Розе Аџиоска – Бурнеска, паралелно го изведуваат и проектот “Зелен пакет”, кој ќе кулминира на 28 февруари со презентација на детските производи.
![]()

