Гимназиска трибина за јазикот

“За промоција на јазичната култура, повеќејазичност и   разновидност, членките на УНЕСКО го одбележаа меѓународниот Ден на мајчиниот јазик – 21 февруари. Според проценките, секојдневно во светот исчезнува по еден јазик, а лингвистите прогнозираат дека ќе изумрат повеќе од половина, од околу 6000 јазици до крајот на 21 век”. Со овие зборови ученици од младинската организација на Гимназијата ја отворија трибината посветена на “Употребата на македонскиот стандарден јазик во наставата и медиумите”. Гости на трибината беа познавачот на македонскиот јазик и колумнист во “Зенит”, Благоја Ивчески, Зора Тушевска, професор по вовед во право, Мирјанка Ристеска – Селчанец, писател и професори по македонски јазик и литература. “Мразот го скрши” Благоја Ивчески. Со доза на театралност укажа на бројните и недозволени грешки во наставниот материјал, а посебно во медиумите. Зора Тушевска ги истакна правните норми за почитување и за заштита на македонскиот литературен јазик. Со голема доза на емоции, писателката Мирјанка Ристеска – Селчанец рече дека нејзиниот учител Блаже Конески се превртува во гробот, оти сега се гнаси јазикот што тој цел животен век го стандардизирал.

Loading