Државно во Тетово

Карате

В недела е државното сениорско првенство во карате, шанса за прилепските клубови да потврдат уште еднаш дека се меѓу најдобрите. Пријавени се осуммина натпреварувачи од Ронин на Елизабета и Златко Димоски, четворица од Бонсаи на Валентина Пурдеска и тројца од Спорт 94 на Пеце Белистојаноски. Во конкуренција се на 27 клуба од целата држава. Најбројни се скопските Металург со 20 и Макпетрол со 14 каратисти. Во дисциплина ката се по една категорија кај мажите и девојките, а во борби по пет. Натпреварите се индивидуално и екипно. Системот е елиминационен со репасаж. Имаме натпреварувачи за први места. Ќе нема мака за ката тимот со Спиркоска, Јованоска и Трајкоска. Погледи ни се свртени кон меѓународната сцена – вели Златко Димоски, тренер на Ронин. Првите четири од секоја категорија, на 4. март ќе настапат на изборниот турнир по Бергер систем. Таму за најдобрите е визата за Европското првенство во Шпанија.

Loading