Благословот на Ванде

Актерот Димко Вандески пред многу години му дал благослов на младиот колега Димитар Црцороски: “Да дај Господ, да дочекам да матурираш, да се запишеш на ФДУ, да завршиш и да заиграме заедно. Кога ќе заминувам в пензија, да бидеме двајцата на сцена”. Овој аманет му се исполни на Ванде од некогаш малиот Црцороски, кој покажувал афинитети за театарот. Црцороски матурира, заврши ФДУ, се вработи в Театар и заигра заедно со Ванде. Не се делеа и на свечената претстава за пензионирањето на Вандески. Позираа за доказ дека театарската страст не секнува  ниту на три децении, ниту со првата пензија.

Loading