Традиционално напладне во салонот на ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена изложбата на маски, изработени од учениците од основните и средните училишта. Ќе бидат доделени и наградите за најдобро изработени автентични маски. Практично со изложбата, од околу 1000 маски, започнува карневалот “Прочка 2012”.