МАСЛИНОВАТА ГРАДИНА НА КИРЕ НАУМОСКИ

ИВО

Прилепчани ги почитуваат постите и адетите со кантички маслинки

Ќе се нудат и други вкусови, со зачини и зеленчуци, со оригано, со кромид…

Клучно да се определи Кире Наумоски за трговија со маслинки било претходното искуство стекнато со работа во дисконт за маслинки “Блонд”. По едногодишното откривање на финесите со искуството во дисконтот, влегол во самостојно откривање на тајните на трговијата со маслинки во октомври 2010 г. Отворил сопствен дисконт за маслинки, кој го крстил ИВО. Вели дека на прилепчани им нема рамни за почитување на адетите. Кај нас за разлика од другите градови се трошат многу маслинки. Не само за празници, туку и во петок и среда кога се посни деновите. Не промашуваат, постат и редот  го тераат – вели Наумоски.  Од искуството осознал дека има неколку видови маслинки, а во дисконтот има 30 видови: неферментирани, ферментирани, зелени и обоени, пастеризирани. Има полнети со бадем, со пиперче, празни без коска, има црвена маслинка, која ја нема никаде. Најмногу се јаде ферментираната маслинка на нашево подрачје. Од зелените има повеќе видови. И тој вид се поставува на трпезата. Квалитетот и големината ја утврдува цената. Претежно се користи ферментирана маслинка 121/140. За постите, муштериите земаат поситни, 181, односно 180 маслинки во килограм. Како оди помала бројката во калибражата, така оди маслинката покрупна и поскапа. Нема поголеми од 91/100. Само пастеризираната во лименки е  70/90. Втора рака сум во трговијата – објаснува Наумоски.  Има и ферментирана маслинка и зелена маслинка без масло, само во солило. Ферментирана маслинка се чува во сол, вода и оцет и ферментирани маслинки со саламура која содржи масло. За постите вообичаено расте побарувачката. Освен за Божикните пости, во дуќанот, кој го нарекува “оливиа гарден”, вели дека муштериите навалуваат за велигденските пости. Во маслинките има многу видови, со зачини и зеленчуци. Има со кромид, со корнишони, со лук, но на нашиот пазар уште не ги бара, оти не е создадена навика. Се нудат маслинки и со оригано. Наумоски вели дека се труди на муштериите да им понуди ново. Претежно се купуваат кантички по пет, три килограми, или килограм. Маслинките не се препакуваат, туку се одржуваат во одредени услови – вели Наумоски. Во дисконтот се продава и грав, леќа, ориз. Планира да понуди црвена леќа. Нуди и 4 видови маслиново масло. Го следи вкусот на муштериите со понуди на бараното. И секако, со пакувањето, со  запазување на хигиената.

Loading