Стартуваа заедничките студии на Франклин универзитетот од Охајо, САД и Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола
Американска диплома по мастер студии од областа на бизнис администрацијата и менаџмент (МВА) ќе добијат 14 – те студенти кои веќе ја посетуваат наставата на заедничките студии на Франклин универзитетот од Охајо, САД и Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, а кои се одржуваат на Економскиот факултет во Прилеп. Студиите од втор циклус од областа на бизнис администрација и менаџментот се по правилата на Франклин универзитетот, програмата што се изучува во Охајо, САД и со истите професори. Магистерската диплома ќе е иста како онаа што ја добиваат студентите во Охајо. На англиски јазик предаваат професори од Америка со 10 годишно искуство во струката, со високи позиции во големи компании. Има и двајца професори од Економскиот факултет во Прилеп и уште двајца од Македонија. Студиите се комбинација на онлине студирање и класично предавање и обезбедуваат практично знаење. На студентите им се нудат теоретско знаење за развивање бизнис и лидерски вештини. Програмата е наменета за професионалци кои сакаат да напредуваат и се подготвени да се справат со деловните предизвици. Важна е апликативноста на студиите. Студентите веднаш ќе можат да ги применат знаењата и компетенциите на работните позиции. Со тоа се подигнува квалитетот во функционирањето на компаниите во Македонија. Имаме студент, кој работи во Германија, во Алсам, еден во во Сименс во Полска, па во КРКА и ОНЕ. Нема студенти од Прилеп, а има од Скопје, Битола… Знаењето веднаш можат да го искористат за придобивка на својата фирма и за Македонија. Тие ќе се квалификувани луѓе што ќе нé претставуваат – објаснува м-р Никола Димески, директор на студиите на Франклин универзитетот. Програмата е дизајнирана за возрасни луѓе со фамилии, да немаат пречка во работата. Се слуша предмет, по предмет. Секоја недела се полагаат испити и тоа со оценка 9 или 10. Инаку се паѓа. Предаваат 6 американски и 4 македонски професори. Програмата започна официјално на 9 јануари. Министерството за образование и наука додели 5 целосни стипендии, а Франклин универзитетот и битолскиот универзитетот доделија 9 делумни стипендии. Мастер студиите чинат пет илјади евра и траат 20 месеци при што се полагаат 10 предмети. Студиите се наменети за сите профили, односно и за лекари, правници, електро и машински инженери… Договорот за заедничката програма е потпишан на иницијатива на Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, кој магистрирал на Франклин Универзитетот. Реализираме концепт кој многу добро функционира. Студиите се акредитирани од Владата. Предност е што програмата и литературата е иста како во САД и е достапна за многу студенти, не само за економисти, а сите фирми имаат потреба за МБА – вели Димески. На свечено доделување на стипендиите за мастер студиите, покрај првите луѓе на битолскиот универзитет и на Економскиот факултет, присуствуваа и министерот Иво Ивановски и министерот за образование Панче Кралев.
КАНДИДАТИ И ОД ДРУГИТЕ ДРЖАВИ
– Очекуваме следната година да има кандидати од други држави. Универзитетот Климент Охридски докажа дека рамноправно може да се носи со сите универзитети во Македонија. Услов за упис се завршени 4 годишни студии, или 240 ЕКТС и познавање на англиски јазик. Кандидатот мора да има просек 7,5. Се прифаќа ТОЕФЛ и ИЕЛС. Да бидеме флексибилни, обезбедуваме онлине тест за англиски, одобрен од Франклин универзитетот – вели Димески.