Двајца маскирани и вооружени разбојници ја олеснија со 15 илјади евра во девизи и злато златарницата и манувачницата Денар. Полицијата трага по разбојниците, а сопственикот вели дека му ограбиле околу 250 грама златен накит и околу пет илјади евра. Две маскирани лица влегле во златарата и менувачница Денар кај ОУ “Кочо Рацин” пред крајот на работното време. Од продавачката, која го броела прометот, побарале пари и злато, заканувајќи í се со пиштол. Продавачката, која е сопруга на сопственикот, посегнала по телефонот, но í бил одземен од еден од разбојниците. Едниот ги собрал парите и накитот, во вредност од 15 илјади евра и побегнале – вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола. Полицијата трага по разбојниците.