Ракомет: Продолжение на Регионалната лига
Викендов треба да продолжи Регионалната ракометна лига за жени, а екипата на Жито Прилеп треба да гостува на вториот македонски претставник, Металург. Тимот од Скопје заврши со обврските во европскиот КПК. Оттука логиката дека може да се искористи слободниот термин за двете екипи. Сепак, мечот до заклучувањето на весников не беше договорен. Конечен договор немаме. Чекаме што ќе одлучат од домашниот табор на Металург – велат од Жито Прилеп. Регионална лига е најнесредената лига. Поради долгите паузи, се бара спас во пријателски средби. Веќе се одиграа со Б тимот на Металург, Гевгелија и Леов бартек. Поради студот и непроодноста на патиштата се откажа планираниот тест реванш со Б Металург. Контролите се корисни, но нема ривали. Остануваат тренинзите. Време не губиме и максимално се подготвуваме како веќе да е потврден терминот за гостување во Скопје – информираат од Жито Прилеп. Во Регионалната лига, Жито Прилеп има осум меча. Остануваат гостувања на Металург, српските Заечар и Раднички Белград, а дома е само натпреварот со последниот тим на Бисери од Црна Гора.