В недела гости кај Тетекс

Кошарка

В недела продолжува Втората кошаркарска лига. Шестиот Ултимејт баскет му гостува на осмиот Тетекс во Тетово. Во мислите е есенскиот пораз пред своите навивачи. Стратегијата е како да му се врати со иста мерка на домаќинот. Подготвена е за триумф екипата на Влатко Атанасоски и Сашо Костоски. Можеме. Исто како што не изненадија, треба да им вратиме. Со победа ќе ја означиме пролетта – вели Костоски.

За Ултимејт баскет приоритет е создавањето на добар тим, пред резултатите. Интенција е внесување поголем број домашни кошаркари, израснати во клубот. Додека тие “созреат”, напомош се неколку искусни, предводени од Србинот Срѓан Божиќ, во отсуство на заминатите Даниел Захариевски, Александар Николов и Благојче Ѓорѓиевски. Најголемо задоволство е кога домашните имаат поголема минутажа. Клубот смета на нив во иднината – истакнува Костоски. На второлигашката табела води Милениум од Струмица.

Loading