Тренинг в соблекувална!

Победа јуниор

Секој се снаоѓа како умее во зимава. Во второлигашот Победа јуниор се истрајни, што тренираат и в собелкувална! Во средата невозможно беше надвор на смрзнатиот терен, немаше термин в сала и преостана само соблекувалната. Тренерот Златко Петрески терминот го посвети на кондициски план. На располагање се 30 првотимци, со повремени отсуства, поради настинки. Битолчаните Апостоловски и новиот Ристевски тренираат и во родниот град. Нови се уште голманот Настески од Корзо, левиот бек Спиркоски од 11 Октомври. Заминува само Давид Ристески, а за ден – два е враќањето на Котевски од Германија. Одамна планирани се пријателски мечеви со Пелистер, Новаци, Силекс… Првата најверојатно ќе биде утре со Пелистер, ако се исчисти теренот од гарнизонот во Битола. Второлигашкиот старт е на 3 март, дома против Тиквеш.

Loading