Заводот и Музеј има старо нов директор. Гордана Данилоска – Спироска, во конкуренција од 11 кандидати, пак ја доби довербата од министерката Елизабета Канческа – Милевска во наредните четири години да ја води институцијата. На Спироска приоритет ќе í биде реализација на програмата и други проекти за заштита на културното наследство во општината.