Џ.Б. (38), Ж.С. (35), и И.М. (26) од Велес ќе одговараат за предизвикување општа опасност. Тројцата во декември лани насилно влегле во куќата на К.Ѓ. во селото Стровија под дејство на алкохол. Непристојно се однесувале, а Џ.Б. испукал два куршуми од ловна пушка во таванот и ѕидот и четири куршуми низ прозорецот.