СЕ ГРАДЕЛЕ КУЌИ, СЕ ГРАДЕЛЕ СТАНОВИ

Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е централното подрачје. Прилеп пак ќе биде градилиште. Ќе се градат станови, куќи затоа што е масовен интересот за проектот “Купи куќа, купи стан”! Тоа го дозволува и новиот генерален план, според кој се токмат и деталните планови. А дека се мислело на урбанизацијата, сведочат и канализационите цевки кои се поставувале! Се градело, се подобрувале условите за живот на прилепчани! А тие пак орни за напредок! Полетни! Жива сила не ги сопирала. Како што младоста, мајчината љубов и дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да го речат прилепчани своето најпопуларно превозно средство, ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот! Вредни и храбри се прилепчани!

Loading