Притвор за прилепските крадци на злато во Штип

Штипската полиција ги фати прилепчаните Г.К. (37) и П.К. (40), а истражниот судија им одреди притвор. Во бегство се другите двајца арамии во грабежот на златарница во Штип во јануари, С.И. и З.Д. Групата го кренала сефот тежок 200 килограми, полн со златни синџирчиња, гривни, прстени, гердани, обетки, приврзоци и половен накит, вредни 2,4 милиони денари. Според полицијата, осомничената четиричлена банда, влегла во златарницата “Опал-инвест”, откако со клешта за сечење арматура ги исекла заштитните решетки на дуќанот, а потоа го скршила цилиндарот на влезната врата. Полицијата ги идентификувала од снимките на безбедносните камери. При претресот биле најдени неколку мобилни телефони, златен накит, ваги за мерење злато, тестери за утврдување квалитет на злато и други предмети.

Loading