Полицијата го товари Р.Д. (28) за телесна повреда при семејно насилство и напад врз полицаец. Според полицијата, во декември лани, пријавениот ја нападнал неговата 25 годишна сопруга дома, поради нарушени семејни односи. Таа повикала полиција, а при интервенцијата, насилникот го нападнал и полицаецот.