Фудбалот е немирен океан

Влатко Димоски, менаџер во Германија

Во Германија од неодамна живее Влатко Димоски, поранешен секретар на Победа, сега фудбалски менаџер, ФИФА агент. Зимава беше поврзан со настојувањата за ангажман на левиот бек од второлигашот Победа јуниор, Даниел Котевски, кој не заврши успешно, според желбите. Димоски ги изнесува на виделина деталите. Две недели подоцна разбрав за престојот тука на Даниел и оттогаш го презедов. Наместо во Б Хановер, некој Босанец го однел во многу помалиот Хановершер спорт клуб 2. Клубот со мал буџет нуди скромна плата плус работа, а тие услови се далеку под нормите пропишани за работна виза. Така, Котевски иако покажа квалитет на пробите, се враќа назад – информира Димоски. Менаџерот вели дека ова искуство со младиот Котевски треба да послужи за останатите кои претендираат на заминување во странство. Мора да се внимава со кого се работи, бидејќи во фудбалот има “диви” менаџери. Во најпрофитниот спорт се заплеткани келнери, сопственици на ресторани и бакали… Најсигурно е со лиценцирани ФИФА агенти. Фудбалот е немирен океан. Ако не знаеш да пливаш не влегувај, ќе се удавиш со првиот бран – истакнува Димоски. Димоски има воспоставено контакти со видни клубови и набргу се очекуваат плодовите од престојот во Германија.

Loading