Театарот слави 62 годишина
Театарот утре одбележува 62 години. Претставата “Маратонците го трчаат почесниот круг” ќе доживее 20-то издание за роденденот. Со годишнината замининуваат во пензија од сцената актерите Димко Вандески и Петар Димоски. Со шест претстави ќе се означи годишнината. Синоќа се изведе атрактивната “Од кол на кол” на која í се ближи 70- тата изведба. Театарската игра во градов почнала да маѓепсува на 18 февруари 1950 година со “Кир Јања”. Театарската уметност со длабоки корени последниве години бележи скоковит раст со неколку наградени претстави и во странство, како што се “Тапани во ноќта” и “Кавкаскиот круг со креда”, а подмладениот ансамбл е оценет за најнадежен со силен актерски потенцијал да ги наследи и надмине своите претци, Џувалекоски, Гешоска, Дамески, Милчин, Ристески…