Демнат мразулци

Поларниот бран го декорира градот и со мразулци, покрај снежното руво на покривите и улиците и ледените тротоари. Со променливите температури “топло-ладно”, се заканува нова и притаена закана – мразулци. Остри и тешки, студот ги извајал како ками. Претставуваат опасност за граѓаните кои поминуваат покрај повисоките згради со настрешници. Пешаците одат по “линијата на огнот”, заради слабата проодност на пешачките патеки. По неодамнешната вест за бизарната смрт на една Србинка и по двајцата повредени во Тетово од паднат мразулец, редно е да ја научиме лекцијата и да се отстранат лабавите ледени “сталагмити”. Не е лесно да се турнат, ама ако се случи непосакуваното, сопствениците на објектите ќе имаат правните маки и грижа на совест. Наше е да предупредиме на опасноста побргу, пред сонцето, да се најде “маж”, да ги ничкоса, пред тие да ничкосаат некога и да падне жртва, не дај Боже.

Loading