Се токми карневалот Прочка

Локалната самоуправа ги интензивира подготовките за годинешниот 12-ти карневал “Прочка 2012” на 26 февруари. Советникот за култура Снежана Ристеска истакнува дека на дефилето ќе учествуваат голем број групни и поединечни маски од Македонија и од соседните држави. Голема е веројатноста за присуство на делегати од повеќе европски земји, меѓу кои и на претседателот на Европската федерација на карневалски градови Хенри Ван Дер Крон. Учениците од основните и средните училишта со голема возбуда привршуваат со изработката на креативните и симболични маски, кои ќе бидат претставени на изложба во ЦК “Марко Цепенков”. Овие маски се вистинско богатство и го претставуваат карневалот на локално, државно и меѓународно поле.

Loading