Преку подобрување на техниките за претставување пред работодавачите може да се намали високиот процент невработени млади. Прилеп е четврта општина, во која се подготвуваат младите невработени за стекнување вештини за вработување. Обуките се организирани од УСАИД, а во рамки на ЈЕС мрежата, поддржани и од локалната самоуправа, бизнис секторот и невладините организации. Целите на проектот и начините на обуката, беа презентирани пред младите невработени прилепчани. Покрај Прилеп, проектот се реализира и во Битола, Струмица, Гостивар. Досега учествувале над 800 млади луѓе.