Изгорени куќи, штали, плевни, викендички, крави, патничко моторно возило. Тоа е билансот од пожарите во јануари, во кои е причинета материјална штета од над три милиони денари. Пожарникарите гаснеле оган речиси секој ден, а некои денови и по два. Тие имале 51 интервенција, од кои 49 пати гаснеле оган на објекти, еден пожар на патничко возило, а имале и една техничка интервенција. Командирот Станко Колески вели дека бројката на пожари е голема, а огновите биле последица на студеното време и на зголемената употреба на грејни тела. Огнот се појавувал заради нечисти оџаци, неисправни електрични инсталации или преоптоварување на мрежата – потенцира командирот. Инаку, ТППЕ има три комплетно опремени возила, а дејствува со 34 пожарникари.