Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ треба да добие прв човек. Огласот за избор на претседател на ОК веќе одамна заврши, а нема никаква информација кој ќе биде наследникот на досегашниот Гоце Ингилизов. Од наши извори дознаваме дека за примамливата партиска функција, особено пред локалните избори, претендирале над 30 кандидати. Дел од нив биле експонирани личности, дел допрва сакале да ја “земат во свои раце” исклучително значајната функција. Сепак, централата треба да одлучи кој ќе биде прв човек на ВМРО – ДПМНЕ. Партијата, барем според веќе објавениот оглас ,ќе избира и претседател на Унијата на млади сили, а уште не е извршен изборот на прва жена на ОК на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ за Прилеп, откако за досегашната активност се заблагодари Соња Блажеска.