Реконструкција на Старскиот дом планира општината за да ги подобри условите за старите лица. Најпрво со 1,2 милиони денари ќе се промени дограмата на објектот, со што ќе се заштеди и ќе биде подобрена енергетската ефикасност. Околу 2,5 милиони денари ќе се вложат за набавка на нова опрема за кујната, за да се поткрени квалитетот на подготовката на храната. Има и најави за доградба на објектот и за проширување на неговиот капацитет.